Завеаните српски патници се добро,бебето останало во автобусот!

Објавено: 15 март, 2013, во 22:29 часот

Од три автобуси на Сообраќајното претпријатие “Feniks GiZ” од Нови Сад кои останаа завеани во Унгарија,само уште еден и понатаму стои во колоната и чека помош, патниците се во добра состојба,меѓу нив е и една мајка со бебе која не сака да го напушти автобусот,изјавил директорот на фирмата “Feniks GiZ” Горан Ивановиќ.

Сите спасувачки екипи се ангажирани за евакуација на луѓето завеани на автопатот во западна Унгарија,која ја погоди снежното невреме а според информациите од попладнево имало евакуација со хеликоптер на тримесечно бебе од Србија,кое со мајка му беше заробено во автобусот.

„Сите унгарски служби задолжени за решавање на кризните ситуации и понатаму работат на расчистување на патиштата и евакуација на блокираните патници а амбасадата на Србија во Будимпешта прави се за да им помогне на завеаните српски патници“,изјави вечерва конзулот на српската амбасада во Унгарија Милан Вукосављевиќ.

“Полицијата,војската,пожарникарите,здравствените и другите служби и понатаму работат на расчистување на патиштата и евакуација на блокираните патници а министерот за внатрешни работи на Унгарија кои на терен ги посети најкритичните делници  на автопатот М1 изјави дека никој нема да остане заробен во автомобилите заради временската состојба“,рекол Вукосављевиќ во пишаната изјава за Танјуг./Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.