Со „Пред да се раздени“ Есма и Влатко во Шведска!
Објавено: 15 март, 2013, во 20:54 часот
Новата песна со која Македонија ќе се претстави на изборот за песна на Европа во Малме во Шведска можете да ја слушнете овде!
„Пред да се раздени“ е името на новата песна, за која музиката ја направија Лазар Цветковски и Дарко Димитров. Аранжманот го направи Дарко Димитров, а текстот е на Магдалена Цветковска, додека делот на Есма го направи Симеон Атанасов.
Новата песна беше промовирана денес во Дневникот 2 на МТВ 1, во 19:30 часот. Вие можете да ја слушнете овде и да оцените колку таа е добра за да ги брани боите на Македонија. Но едно запомнете, време за трета нема! /В.Р
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=m71hJUj76jM{/youtube}
