Сепак новата Империја ќе ја слушнеме утре!

Објавено: 14 март, 2013, во 22:46 часот

И покрај тоа што на многу македонски портали беше објавена информацијата дека новата песна која што ќе ја претставува Македонија на Евровизија јавноста ќе има можност да ја слушне денес тоа не се случи.

Како што најавува МРТВ наследничката на Империја ќе се објави утре и јавноста ќе може да ја слушне и повторно да даде свој коментар за сработеното. Но, овој пат едно е сигруно, време за промени нема да има.

Дума.мк дознава од луѓето кои веке ја слушнале новата песна дека не се премногу воодушевени. Мислењата се поделени. Но да не откриваме премногу детали, да ја почекаме премиерата утре и потоа ке коментираме.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.