Њујорк : Четири луѓе убиени, а убиецот во бегство!

Објавено: 13 март, 2013, во 21:15 часот

Четири луѓе се убиени и две ранети во пукотницата кои се случија во градчињата Мохок и Херкимер на северот на државата Њујорк, во САД.

Полицијата и понатаму трага по Курт Маерс (64) кој е осомничен за пукањето и за убиствата. Тој прво ја запалил зградата во која живее во градот Мохок а потоа отишол до локалната берберница каде убил двајца луѓе и уште двајца ги ранил.

Маерс потоа со автомобил заминал кон соседниот град Херкимер каде убил уште двајца луѓе.

Сеуште нема официјални информации за мотивот на нападите и жртвите. Познато е само дека бегалецот пукал во близина на општинската зграда.

Постојат сомнежи дека Маерс се крие во ова градче со нешто повеќе од 7 илјади жители што било причина полицијата веднаш да изврши евакуација на учениците од училиштето, од локалниот колеџ а на граѓаните да им нареди да не ги напуштаат домовите.

Дополнително полицијата во домот на Маерс пронашла десеттина пушки.

„Многу е необично за нашата мала заедница да се случи вака ужасна случка,“ рекол градоначалникот Роберт Шрадер.

Тој додал дека не памети досега нешто слично да се случило во неговиот живот.

На местото на злосторството пристигнал и гувернерот на државата Њујорк, Ендрју Куомо.

Ова е 201 случај на масовно убиство во САД во последните седум години./Н.Р

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.