Бугарија: Коњско месо продавале како телешко !
Објавено: 13 март, 2013, во 17:00 часот
Во производите на 4 фирми во Бугарија чии имиња не се откриваат пронајдено е коњско месо кое се продавало како телешко.
Бугарската Агенција за сигурност на храната (BABH) соопштила дека по првите контроли во примероците од производите е пронајдено коњско месо.
Генералниот директор на (BABH) Јордан Воинов изјавил дека подетални информации ќе има после ДНК анализата на примероците.Тој изјавил дека имињата на фирмите ќе ги обелодени доколку откријат дека производителите намерно користат и продаваат коњско месо како телешко.
“Коњското месо не е штетно за здравјето но мораме да бидеме искрени спрема нашите потрошувачи“,рекол Воинов./Б.Н.Т
Извор : ANADOLIJA
