Снегот и мразот и понатаму го отежнуваат сообраќајот во северозападна Европа!

Објавено: 13 март, 2013, во 16:55 часот

Снегот и студот продолжуваат и понатаму да го загрозуваат сообраќајот во северозападна Европа а на еден од најголемите европски транзитни аеродроми во Франкфурт,денес мораа да бидат откажани уште најмалку 80 летови,пренесува британскиот БИ БИ СИ.

Големи делови на северна Франција се практично заледени,а стручњаците ситуацијата ја опишуваат како „многу комплицирана“.Стотина патници останаа ноќеска заглавени на франкфуртскиот аеродром,бидејќи вчера беа откажани 800 од 1200 летови,но многу брзиот воз Еуростар,кој го поврзува Лондон,Париз и Брисел,продолжи после вчерашниот прекин,да сообраќа но со задоцнувања.

Француската железничка компанија SNCF  изјавила дека заради прекин на сообраќајот во текот на ноќта сместила 1.000  патници во хотели и коли за спиење во возовите со кои располага. И во Белгија возачите возат по замрзнати,несигурни патишта а возовите се движат забавено./ Б.Н.Т

Извор.Beta.rs

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.