Кои се државите со најмногу милјардери?
Објавено: 13 март, 2013, во 14:29 часот
Држава со најмногу милијардери во светот е Монако, втора е државата на Карибите Сент Китс и Невис, а трета е Гернзи, британски кралски имот меѓу брегот на Франција и Велика Британија во Ла Манш.
Листата на држави со најмногу милијардери во однос на бројот на жители ја објави на Интернет магазинот „Слејт“.
Во Монако живеат тројца милијардери, но кралството брои вкупно 35.427 жители, што е доволно да се најде на прво место на листата.
Сент Китс и Невис има вкупно 53.000 жители и еден милијардер, исто како и Гернзи, која има 65.570 жители.
На четврто место е Хонг Конг со 39 милијардери и над седум милиони жители.
Петто место е Белизе, мала средноамериканска држава на брегот на Карипското Море со 365.000 жители и еден милијардери.
Следи Кипар со 1,1 милион жители и тројца лидери. Седмо место е Израел со 7,8 милиони жители и 17 милијардери.
Осмо место е Сингапур со пет милиони жители и десет милијардери. Следи Кувајт со 2,8 милиони жители и пет милијардери.
Десетто место е Швајцарија со 7,9 милиони жители и 13 милијардери.
