Енергетски пробив за Јапонија: „Запалив мраз“!
Објавено: 13 март, 2013, во 09:33 часот
Јапонија објави дека извлекла гас од крајбрежните резерви на метан хидрат-понекогаш нарекуван „запалив мраз“-голем пробив што според властите и експертите може да биде чекор напред во откривањето на ветувачки, но сеуште непознат извор на енергија.
Гасот што првпат е извлечен од подводниот хидрат резервоар може да обезбеди енергетска алтернатива на нафтените и резервите на гас.
Ова може да биде од суштинско значење, особено за Јапонија која е најголемиот светски увозник на течен природен гас и каде во тек е јавна дебата околу поврзаноста на земјата со нуклеарната енергија.
Точните карактеристики на подводните хидрати и нивното евентуално влијание на животната средина сеуште се недоволно познати.
Сепак, тие се потенцијал што може да има комерцијална вредност. Од 2000 –та наваму, Јапонија инвестираше стотици милиони долари за истражување на подводните резерви на метан хидрат во Пацификот и Јапонското море.
По нуклеарната криза во Фукушима, задачата стана уште поитна поради прекинот на нуклеарната програма на Јапонија и големиот пораст на увозот на фосилни горива во земјата./Н.Р
Извор: Њујорк Тајмс
