Црн чад од оџакот на капелата, кардиналите не избрале нов папа!

Објавено: 12 март, 2013, во 20:57 часот

Ватикан се уште без папа.

Сто и петнаесетте кардинали ќе имаат уште една рунда на гласање во среда наутро.

Црниот чад што денеска излезе од Ватиканската палата е знак дека кардиналите не успеале да изберат нов папа.

Изборот ќе го продолжат утре.

Тие ќе останат изолирани од надворешниот свет зад средновековните ватикански ѕидови се додека не го изберат наследникот на Папата Бенедикт XVI, кој функцијата ја напушти минатиот месец.

Кога тие конечно ќе се договорат кој ќе седне на светата столица, верниците на Плоштадот Свети Петар, ќе видат бел чад како излегува од специјалниот оџак на покривот на капелата и ќе слушнат ѕвона./Б.Н

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.