Музичкиот поход на Калиопи и Мелем допрва почнува

Објавено: 6 март, 2013, во 16:58 часот

Слободна, ведра, насмеана и на својата промоција, тоа е Калиопи.

Иако за неа посебен ден, без никаков протокол, црвени килими и ефтини сценарија, најголемата Македонска дива го промовираше својот најнов албум кој го носи насловот Мелем. 
Во преполниот Клуб Ресторан во МКЦ, нејзините најблиски пријатели, фанови и колеги имаа можност први да ги слушнат десете најнови песни, а и да премиерно да го погледнат најновиот спот за „Мрвица“ една од новите песни на албумот. 
На почетокот, во нејзин стил, ги поздрави присутните, му се заблагодари на Бога и на Ромео Грил што и ги подари новите песни. 
„Првенствено сакам да ви се заблагодарам што сте дојдени во голем број, но бројот не претставува ништо колку што претставува енергијата и добрата мисла. Благодарам на Бога што секогаш умеел да ме опкружи со убави луѓе.  Денеска е посебен дел за мене а верувам и за вас кога ќе ги чуете 10 те нови песни од албумот мелем кој што Ромео ги направи за мене но и за сите вас. За „Мелем“ нема да зборувам денес бидејќи тој ќе зборува сам за себе, песните сами ќе си го направат својот пат, а јас би сакала пред се да им се заблагодарам на фановите, на пријателите, да ти се заблагодарам тебе Ромео за прекрасните песни што ги направи, ме изненади и ми направи еден нов пат, во тоа биди сигурен“, рече Калиопи.

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=4gC68-ecfic&feature=youtu.be{/youtube}

Десетте нови песни ги изработи нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил, автор на нејзините најголеми хитови Бато, Кофер Љубави па и најновата Црно и бело. Единствено текстот за песната „Ако“ го напишала самата Калиопи пред многу години, уште кога во својот стомак го носела нејзиното дете Пако.  
Калиопи рече дека за Мелем нема да зборува, тоа и го направи. Песните кои и овој пат се со љубовна тематика ги направија трите часа магични и присутните ги обвиткаа во љубов .
Дума.МК има цел да ви пренесе дел од атмосферата која може само да се доживее.
Најголемо изненадување за Калиопи но и за сите присутни беше моментот кога нејзините најблиски фанови и подарија торта на која што имаше слика од омотот на новиот албум и со големи букви беше испишано: „Ти си нашиот мелем“.
Музичкиот поход на Калиопи и Мелем допрва почнува. Албумот ќе биде промовиран во земјите од поранешна Југославија, а љубителите на нејзината музика од сите краеви на Светот, Мелем ќе можат да го купат преку најголемата музичка продавница на Интернет, „iTunes“. Албумот се снимаше во Македонија, Германија и Швајцарија, маестрингот е направен во Минхен, а цедето е печатено во „Сони“ во Австрија.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.