Афлатоксинот направи огромни штети за млекарите!
Објавено: 1 март, 2013, во 22:03 часот
Зголемено присуство на афлатоксин покажале резултатите од направените анализи во германија, на млекото од Србија. Ваква информација денеска соопштила Владата на Војводина, пренесува Танјуг.
“Сите 26 примероци испратени во лаборатории во Баден-Виртемберг содржеле повеќе од 0,08 мг/кг афлатоксин“, изјави покраинскиот секретар за меѓурегионална соработка, Бранислав Бугарски.
Девет примероци на млеко биле земени од рафтови од војводински продавници на 20-ти феврурари, а останатите шеснаесет на 25-ти февруари, односно по наредбата за повлекување на млекото со приуство на афлатоксин повисок од 0,05 мг/кг,
Некои анализи покажале дека 50 милиони евра неделно е штетата поради афлатоксинот во млекото во Србија.
Земјоделската комора на Србија денеска оценила дека млекото во Србија било безбедно и непотребно се кревала паника.
