Навредите меѓу сопружниците ќе се казнуваат во Франција!
Објавено: 26 февруари, 2013, во 12:21 часот
Во Франција за прв пат се воведува закон со кој властите ќе се обидат да му се стават крај на психичкото насилство во рамките на бракот.
Сопружниците во Франција по изгласувањето на законот можат да бидат кривично гонети поради навредливи зборови во своите расправии.
Законот ќе важи и за мажите и за жените а не смееат да се употребат навреди од типот на изгледот, лажните обвинувања за неверсто и заканите за физичко насилство.
При првото нарушување на законот полицијата треба да му даде предупредување на прекршителот, но ако тоа лице продолжи со навредите ќе заработи парична казна, забрана за приближување или дури затворска казна.
Закон ќе ни овозможи да се справиме со најскришните ситуации – ситуациите кои не оставаат видливи лузни, но оставаат жртви кои што се растргнати однатре.“
Е.Н.
