Млекарите од Војводина истураа млеко пред Влада!
Објавено: 24 февруари, 2013, во 15:41 часот
Група производители на млеко денеска организираше протиест пред Владата на Војводина, поради актуелната ситуација на сомнеж за недозволено присуство на афлатоксин во млекото.
Производителите на млеко во знак на протест пред влезот во владината зграда истуриле неколку десетици литри млеко, јави “Блиц“
Сточарите негодувале бидејќи покраинскиот сектретар за земјоделство Горан Јешиќ рекол дека не им дава на неговите деца да пијат млеко . Војводинските производители на млеко тврдат дека нивното млеко било исправно и го пиеле нивните деца./ А.Д
