Откриен афлатоксин и во црногорското млеко!
Објавено: 23 февруари, 2013, во 18:08 часот
Во Црна Гора биле тестирани 34 линии на откупно млеко на 4 производители.
Кај 19 од нив се откриени афлатоксини. Контаминираното млеко нема да се продава.
Во продажба ќе бидат само здравите млека на Ника, Срна, Лазина и Пљаваљска млекара.
Во Црна Гора сеуште не е забранета продажба на млека на странски производители./А.Ј
Извор: Вијести
