Протест на француските земјоделци!
Објавено: 23 февруари, 2013, во 13:49 часот
Не било каде, туку пред домот на министерот за земјоделство излегоа на протест француските земјоделци.
Околу три часот изутринава, 12 трактори се упатиле кон домот на министерот за земјоделие Стефан Ле Фол во Бериан во Финистер. На 150 метри од неговиот дом, тие биле запрени од жандармеријата, по што истуриле од приколиците земја и десетина колички од супермаркетите.
Протестите се случуваат на самиот ден кога во Париз се отвора еден од најголемите светски саеми на агрокултурата. Се револтирани од однесувањето на супермаркетите кон нив.
Во текот на минатата ноќ имало повеќе протести на земјоделци, пред се одгледувачи на млечни крави кои протестирале во локаланите супермаркети во Бретања поради нивниот однос кон производителите на млеко, истурајќи отпад и кршејќи колички. Нивните протести не се организирани од синдикатот.
