Снежно невреме во Австрија!
Објавено: 23 февруари, 2013, во 13:26 часот
Голем е бројот на сообраќајни несреќи, а доцнат и летовите на виенскиот аеродром Швехат.
На патиштата во покраината Долна Австрија утрово се случија 17 сообраќајни несреќи при што загинаа две, а 25 луѓе се повредени, од кои шестмина потешко.
Снегот, кој паѓа од синоќа предизвика прблеми и на виенскиот аеродром Швехат поради што доцнат и се откажани летови на „Остријан ерлајнс“.
Во Виена 20 сантиметри снег што предизвика хаос во сообраќајот./ A.Д
