Урбанизацијата го уништува зеленилото во Велес, реагира ДОМ!
Од политичката партија побараа, за секое исечено стебло, да се засадат десет нови.
Последниот вандализам кој се случил ноќва кога се исечени три дрвца во Нова населба, ја натераа политичката партија ДОМ да реагира.
Бара да се откријат вандалите и за секое исечено дрво да засадат десет нови.
Сметаат дека итно треба да се разелени главната улица, кејот на Вардар и Градскиот парк.
Наместо ова, велат од ДОМ, моментално локалната власт слободните површини многу лесно ги дава во рацете на градежниците.
Сметаат дека наместо паркови во градов се повеќе растат станбени објекти.
Бидејќи инспекциите задоцнија во неколкуте случаи во последно време во кои се уништуваше животната средина бараат итна примена на Законот за заштита на зеленилото.
Според нив мора да се направи план за зелен катастар, во него да се попише градското зеленило со што ќе се содаде еколошка слика за превентивно дејствување на инспекторите.
Најболно за партијата со еколошки предзнак е сечењето на дрвјата на улицата Благој Ѓорев и тоа за комерцијални цели.
Од друга страна ја пофалија брзата реакција на рибарите кои реагираа за мрснотиите кои се излеаја во Вардар.
Понудија решение како превентивна мерка да се изгради пречистителни станици за загадената вода од неколкуте фабрики чии канали водат до реката.
Во меѓу време очекуваат инспекторите да ги казнат сторителите на загадувањето од изминатиот викенд./Б.Н