„На слатко во дворче“ во Јуроп Хаус Велес (фото и видео)

Објавено: 25 септември, 2026, во 14:59 часот

Подготвија слатко од три сезонски овошја, од дуњи, од сливи и од смокви, десетмина ученици под менторство на професори од угостителска насока на Државно средно училиште „Коле Неделковски“ на отворено, во дворот на Јуроп Хаус во Велес. Подготовката ја следеа над стотина гости како и начинот на собирање во стаклени теглички чии етикети беа дизајнирани од ученици на Економско училиште „Јовче Тесличков“.

Сите теглички беа подарени на посетителите.

-Идејата за „Слатко во дворче“ има за цел да направиме спој помеѓу традицијата на старите рецепти за подготовка на слатко со младите луѓе, вели Ирина Јорданова од Јуроп Хаус Велес.

„На слатко во дворче“ има за цел да го позиционира дворчето на Јуроп Хаус Велес како отворен и инклузивен простор за средба, учење, споделување и активно учество на локалната заедница.

За забавата на настанот се погрижи бендот- трио Hot Jazz Orcherstra.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.