Запознајте ја Ема, инвалидската количка на Лејди Гага!

Објавено на 19 февруари, 2013 во 13:40

Светската сезнација Лејди Гага беше принудена да откаже дел од турнејата „Born This Way“ за да оди на итна операција на колкот, а сега е принудена да користи и инвалидска количка во текот на закрепнувањето.

Објавувајќи слика од количката на Твитер таа во нејзин стил ја нарекува „Ема“.

Лејди Гага прво откажа четири концерти поради повреда а потоа откри дека не може да оди поради повредените зглобовите. Подоцна пристигна официјалното соопштение со кое се откажуваат сите 25 концерти во САД поради итната операција на десниот колк на пејачката, по што ќе и биде потребен долг период на оздравување.

„Не знам што да речам. Ја криев повредата и хроничната болка долго време од сите во мојата околина, за да не ги разочарам своите драги фанови. Но, по еден настап не можев веќе да одам“, рече Лејди Гага и призна дека е очајна заради откажувањето на турнејата.

„Се надевам дека ќе ми простите затоа што јас не можам самата себе да си простам. Очајна сум и тажна. Се надевам дека се ќе помине наскоро. Го мразам ова. Жал ми е. Ве сакам“, додаде таа.

Светската турнеја „Born This Way Ball“ започна на 27 април минатата година и требаше да заврши на 20 март оваа година.

Пејачката се повредила во текот на изведбата на „ScheiBe“ на концертот во Монтреал, на 11 февруари.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.