Нокаут од срце за велешани!
„Розе кадилак“ е новата песна на Нокаут која наскоро ќе прозвучи во етер.
Ова ексклузивно за Дума.мк го открија Франц и Пере од Нокаут, минатата недела во Велес, како учесници на хуманитарниот концерт „Сакај за да бидеш сакан“ одржан во дискотеката Даун Танун.
Велешани имаа можност по долга пауза да уживаат во настапот на групата Нокаут. Иако со густа агенда таа вечер, момците од Нокаут одвоија време за нивната верна, велешка публика.
Во моментов сме сконцентирани на студиска работа, подготвуваме нов албум што треба да излезе за месец, два. Така да сме малку сокриени од јавноста и работиме на тој нов материјал. После тоа ќе има промоција низ државата, а можеби и надвор, ни се пофали Франц.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=GN_QeVWi8RE&feature=youtu.be{/youtube}
Се разбира, ние не задоволни од ваквиот општ одговор. Инсистиравме да ни откријат нешто повеќе.
Имаме доста песни кои веќе се пуштени во етер, но мора некако тоа да го заокружиме на еден носач на звук, така да ќе има доста познати хитови што сме ги имале во минатото, но и многу нови песни, додаде Франц.
И сепак, Дума.мк инсистираше на ексклузива и ја доби. Ексклузивно за вас тие го открија името на нивната нова песна.
Еве како на пример името на новата песна, ќе се вика „Розе Кадилак“, низ смеа изусти Франц
Таа вечер Нокаут помогнаа да се соберат дел од средствата за опремување на игротека и вежбална за дечињата кои посетуваат градинка како и за децата со церебрална парализа. Пере и Франц ги прашавме што за нив значи зборот хуманост.
Од срце за срце претставува хуманоста за мене. Да ја споделиш добрината што ја носиш во себе кон другиот и едно широко отворено срце за сите околу нас, рече Пере.
Хуман пред се значи хуманоид. Да се биде човек е титула. Ние забораваме да ги негуваме како битија правите вредности и вакви настани се добредојдени да не потсетат дека треба да бидеме „човеци“, додаде Франц
Бевме и повеќе од љубопитни, ги прашавме кога планираат да се вратат во Велес. Ветија дека тоа ќе биде многу скоро и тоа со голем солистички концерт.
Па се надевам што побрзо. Вечерва заради времето и организацијата сме само јас и Пере на плејбек обично и не прифаќаме такви настапи но се со цел хуманитарниот концерт да биде што поуспешен прифативме и така. Следниот пат кога ќе дојдеме ќе дојдеме со полн арсенал со девет луѓе и со целовечерен концерт, рече за крај Франц.
Се надевам дека ќе дојдеме набрзо како што кажа колегата, не сме биле одамна во Велес, да направиме еден солистички целовечерен концерт со цел бенд и можеби ќе имаме уште некој гостин но тоа нека биде изненадување.
Не сакавме да им одземаме повеќе време, па ги оставивме да се подготвуваат за настапот. На велешани им приредија добра забава, кога сите во еден глас ги пееја хитовите на Нокаут.
