Нов закон за имигрантите во САД!

Објавено: 18 февруари, 2013, во 13:04 часот

Секој илегален имигрант во САД по осум години ќе може да го легализира престојот.

Ова се предвидува со најновите измени на имиграциониот закон што до Конгресот го достави Белата куќа.

Според измените што се предлагаат во законот, се предвидува и сопружниците како и децата на нелегалните имигранти, да можат да поднесат барање за ваков статус.

Предлогот одново излегува на површина по реизборот на Обама, кој според статистиката, добил дури 70 проценти од Хиспанците, оние на кои законот најмногу се однесува.

На ова жестоко се противат Републиканците, кои сметаат дека прво треба да се обезбедат границите, посебно онаа кон Мексико.

Дека не се работи за мала работа, покажува и податокот дека во моментов во САД има околу 11 милиони имигранти со нерешен статус, главно Хиспанци.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.