Почина најголемиот морски крокодил на светот!
Објавено: 13 февруари, 2013, во 10:08 часот
Беше долг 6.17 метри и тежок еден тон.
Манила, Филипини – далечен град во јужниот дел на Филипините, е во жалост поради смртта на Лолонг, најголемиот светски крокодил во заробеништво и покрај тоа што беше обвинет за смртта на неколку селани.
„Градот Бунаван планира во градскиот музеј да зачува остатоци од крокодилот Лолонг, тежок еден тон, за да ги привлекува туристите и да спречи заедницата повторно да падне во заборав“,рече градоначалникот Едвин Кокс Елорд.
Лолонг беше прогласен за мртов во неделата откако беше пронајден како лебди на грб со подуен стомак во езерцето во паркот на екотуризмот кој само што почна да се подготвува за туристите. Очекувавме развој и приходи поради огромниот рептил“, изјави градоначалникот.
“Целиот град, всушност целата провинција е во жалост”, вели Елорд. “Мојот телефон не престанува да ѕвони, бидејќи луѓето сакаат да кажат колку се погодени од ова“.
„Експерти за диви животни ќе извршат обдукција за да се утврди причината за смртта“, рече тој.
Гинисовата книга на рекорди го прогласи гигантот Лолонг за најголем морски крокодил на светот со должина од 6.17 метри. Рептилот му го одзеде приматот на австралискиот крокодил долг 5 метри и тежок речиси еден тон./Н.Р
Извор: HUFF POST
Фото: ASSOCIATED PRESS
