(Обновено) Тешка сообраќајка кај Фариш, со еден загинат!

Објавено: 13 февруари, 2013, во 09:04 часот

На патот Градско Прилеп, кај месноста викана Фариш утрово се случи тешка сообраќајна несреќа во која загина педесет и шест годишниот Т.К од Штип, а со тешки повреди се здоби исто така штипјанецот  М.Т кој е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Несреќата се случила пред тунелот на патот од прилепска страна.  Дошло до директен судир на камион со приколка управуван од турски државјанин М.К (25) и автомобил марка Тико управувано од Т.К. Возачот на камионот е задржан во Македонија и му е одземен пасошот.

Увид на местото на несреќата извршија јавен обвинител, истражен судија и полиција. Дејствуваше и територијалната противпожарна станица Кавадарци во извлекување на телото на загинатиот штипјанец./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.