Лозарските блокади продолжуваат!

Објавено на 11 февруари, 2013 во 15:35

Лозарите повторно се на протест. Патот Градско – Прилеп и денеска го блокираа. Не се задоволни од динамиката со која им се исплаќа долгот од винарската визба “Винеа“.

Рекоа дека не е решен нивниот проблем само со тоа што судот ја поништи продажбата на винаријата, бидејќи ни во еден момент не помислуваат да се откажат од парите за предаденото грозје. Над 600 илјади евра треба да наплатат од “Винеа“.

“Ќе бидеме тука на блокади и наредните денови. Мораме на овој начин да вршиме притисок и надлежните институции да се вклучат во разрешување на проблемот. Лозарите  мора да бидат исплатени,“ рече првиот човек на здружението на лозари “Агротиквешија“, Љупчо Аризанов.

Иако раководството на “Винеа“ им вети дека ќе им бидат исплатени парите до последен денар тие не се уверени дека работата ќе се заврши. Бараат побрза динамика на исплата бидејќи започнаа со нови операции во лозарството. Коментираат дека ако вака споро се исплаќаат старите долгови тогаш тешко дека ќе им биде платено грозјето од 2012 година.

Утре блокатата на патото Градско- Прилеп кај Росоман повторно ќе ја постават производителите на грозје, со надеж дека некој од надлежните институции ќе дојде да се сретне и разговара со нив. / А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.