„Анонимуси“ повикуваат на собири против владата во Хрватска!?

Објавено: 9 февруари, 2013, во 18:01 часот

Наредниот петок, на 15 февруари, секој плоштад во градовите на Хрватска треба да стане место на собирање на незадоволните граѓани.

Ова сценарио го посакуваат активистите на огранок на најпознатата хакерска група „Анонимуси“.

Во видео пораката, емитувана на youtube каналот , „Анонимусите“, меѓу другото, порачуваат:

„Владо на Република Хрватска твоето време истече. Не ги исполнивте нашите барања. Покажавте дека сте способни да ја водите оваа земја само за свои лични интереси… Сега борбата започнува“.

Хакерите ги повикаа сите незадоволни граѓани на Хрватска од младите и студентите до пензионерите.

„Ве повикуваме да ни се придружите во масовните протести во сите градови на 15 февруари во 17 часот на градските плоштади… Да бидеме обединети во оваа борба за подобра иднина на сите нас, како и на оние кои доаѓаат по нас. Време е да ги измениме нашите животи без корумпирани политичари, банкари и елити. Готови се!“, порачаа „Анонимусите“.

Извор : Agencija VLM

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.