За иницијативата на АМАН не расправаше законодавно правната комисија!

Објавено: 8 февруари, 2013, во 17:46 часот

На расправа во собраниската комисија за економски прашања вчера барањата на АМАН не добија поддршка од владејачката партија.

 

Денеска по нив не расправаше ниту законодавно правната комисија.

Седницата беше одложена.

Бараните измени на законот за енергетика, по кој прво треба да се води комисиска расправа, потоа ќе се најдат и пред пратениците, на пленарна седница.

Тие ќе треба да дигнат два прста за иницијативата со која  АМАН бара враќање на ефтината тарифа на електричната енергија и да одлучат дали граѓаните и понатаму ќе плаќаат парно што не го користат.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.