Историска снежна бура му се заканува на североистокот на САД!
Објавено: 8 февруари, 2013, во 08:55 часот
Силна снежна бура проследена со силни ветрови со брзина од 120 км/ час и снежна покривка од 30 до 60 сантиметри во регионите од Њу Џерси до Мејн за денеска прогнозираат американците метеоролозите.
Бурата има потенцијал да биде „историска“.
Градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг, изјави дека се подготвени да се справат со невремето.
„Имаме над 250.000 тони сол, 350 возила за разнесување сол и 1.800 камиони за чистење снег“, изјави Блумбери.
Тој апелираше њујорчани да складираат неопходни продукти вклучително и лекови заради можни прекини во снабдувањето со струја и потешкотии во одвивањето на транспортот.
Ги повика граѓаните да не ги користат возилата за време на бурата за која е предвидено дека ќе биде најинтензивна во сабота наутро.

На аеродромите вчера беа откажани околу 2.000 летови и денеска уште 500.
Не работат училиштата во градот Бостон во Масачусетс, каде се очекува да паде снег околу 60 см.
Бурата се очекува да биде „историска“ поради можното соединување всушност на две бури, првата од запад и втората од југ.
Тоа се очекува денеска попладне, по локално време, додека утре изутрина да достигне максимален интензитет.
