Лозарите трет ден на блокади, бараат средба со министерот Димовски!

Објавено на 6 февруари, 2013 во 15:03

И денеска лозарите три часа го блокираа патот Прилеп – Велес. Лути се што надлежните не го разбираат сериозно нивнот проблем.

Јавно упатија покана на протестот да дојде министерот за земјоделство. Не отстапуваат од своите барања за наплата на долгот од над 600 илјади евра од винаријата “Винеа“.

Денеска нив ги посетија градоначалниците на Кавадарци и Росоман.  Им пренесоа информација дека до судот во Кавадарци се доставени сите списи од предметот за  продажба на винаријата и дека поради пропусти најверојатно истата  ќе биде поништена.

“Има сериозни индикации продажбата да биде поништена. Со поништувањето поблемите на лозарите не завршуваат. Апел до сопствениците на “Винеа“  ако добијат можност да си ја повратат визбата да ги имаат на ум обврските кон лозарите. Потребно е и лозарите да направат притисок врз газдата да им ги исплати обврските, “ рече градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов.

Протестот и блокадите на патот Прилеп – Велес кај клучката во непосредна близина на Росоман продолжуваат и во среда. Секој нареден ден блокадата на сообраќајот ќе се продолжува за по еден час.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.