Здружената опозиција денеска на пладне со Караван на отпорот низ Скопје!
Од денеска и во секој нареден ден со своите лични возила пратеници, градоначалници и партиски активисти ќе бидат дел од караванот на отпорот.
Денеска, карванот ќе почне во Аеродром, пред спортската сала Јане Сандански, ќе трае еден час, а ќе заврши пред зградата на Владата на Република Македонија.
За сето ова време на маршутата преку разглас ќе се соопштуваат ставовите и решителноста на опозицијата дека со Владата мора да се постигне политички договор за предвремени парламентрани избори.
Ќе има соодветна иконографија и песни кои ќе се слушаат додека трае маршутата низ Скопје.
Ставот на опозиционерите остана непроменет, тие сметаат дека после 24 декември во Македонија нема демократија и бараат предвремени парламентарни избори заедно со локалните.
