Издумани Крлевизми: Потрошувачката кошничка е теорија, а фрижидерот – пракаса!
Објавено: 1 јуни, 2026, во 09:48 часот
Десетте нови афоризми од афористичкото перо на нашиот Крлевски, во овој понеделник, ставени се на читање на заедницата на читатели на Дума.мк. Еве што се беше инспирација, во изминатите седум дена, на нашиот афористичар и сатиричар:
„Неказнивоста е казна за сите.“
„И во третото доба сакам да сум на сцената, ама до неа има скали.“
„При секој чекор напред, внимавајте на сопка!“
„Лажната љубов има една добра особина: брзо се заборава.“
„Се фали дека прегазува реки, а тие… суводолици!“
„Јас и другиот во мене – функционална кохабитација!“
„Да научиш да трпиш порази е голема животна победа.“
„Животот е како ружа. Убав, ама со трње.“
„Никој учен не се родил. Освен, ВИ!“
„Потрошувачката кошничка е теорија, а фрижидерот – пракаса!“
Вашиот,
Атанас Крлевски


