Азески: Од денеска почнува глобалната транзиција кон е-АТА CARNET, компаниите добиваат побрзи и поедноставни царински процедури (видео)

Објавено: 1 јуни, 2026, во 11:08 часот

Од денеска, 1 јуни 2026 година, започнува глобалната транзиција кон е-АТА CARNET, целосно електронски систем за обезбедување документација за извоз на стоки, за кој Стопанската комора има јавни овластувања и ги издава овие документи во интерес на компаниите.

Во време кога дигитализацијата станува предуслов за поефикасни административни процеси и поконкурентна економија, модернизацијата на инструментите што ја олеснуваат меѓународната трговија претставува природен и неопходен чекор. ATA Carnet, познат и како „пасош за стоки“, е меѓународно признат царински документ кој овозможува привремен извоз и увоз на стоки без плаќање царини и други увозни давачки во повеќе од 80 земји и царински територии. Документот се користи за учество на меѓународни саеми, изложби, деловни настани, професионална опрема и други форми на привремено движење на стоки.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.