Црвенпанов: Ги одбројуваме последните часови пред почетокот на V Спортски игри – сите патишта водат кон велешки Градски парк (видео)
Објавено: 1 јуни, 2026, во 13:51 часот
Интернационалките во одбојка на песок на Црна Гора вчера вечер стигнаа во Велес по нив и екипите од Шпанија додека денеска организаторите и градот домаќин на V Спортски велешки игри ги пречека интернационалките на Албанија и Косово. До вечер ќе пристигнат екипите од уште шест странски држави (Србија, Турција, САД, Италија, Иран и Германија) кои заедно со домашните, од денеска, понеделник 1-ви до сабота 6-ти јуни ќе учествуваат во натпреварите на јубилејната спортска манифестација. Директорот на Спортските игри Бубе Црвенпанов со својот тим го објаснува распоредот и објави од 14:00 часот борбата за наградниот фонд вреден 1.000.000,00 МКД ќе се одржува на подготвените спортски терени во Градски парк Велес.
Јубилејното, петто издание на Спортските велешки игри, ќе биде свечено отворено вечерва, понеделник, 1-ви јуни, со почеток во 20:00 часот. Екипите ќе се натпреваруваат во спортските дисциплини одбојка на песок, 3х3 баскет, фудбал и тенис.
Публиката се очекува во уште помасовен број затоа што организаторите подготвија содржини кои ќе понудат пријатно поминато време во навивање, бодрење, разладување и забава.
Градски парк Велес е подготвен да пречека многу илјадна публика не само од Велес туку и од Македонија, порачаа организаторите на оваа веќе традиционална спортска манифестација посетена досега и од бројни спортски ветерани, асови, легенди како и активни спортисти.
Убавка Јаневска


