РКЕ: Дизелот поевтин за 6,5 денари а бензините поскапуваат за половина денари
Објавено: 1 јуни, 2026, во 14:36 часот
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад одлучи малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 6,50 денари. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари. Малопродажната цена на мазутот се намалува за 3,238 денари.
Од ноќеска на полноќ максималната цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 88 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава по 90 денари за литар, а дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе биде 85,50 денари. Цената Екстра лесно масло ќе биде 87,50 денари, додека на мазутот 47,906 денари.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 10,867%, кај дизелот за 10,622%, кај екстра лесното масло за 10,136% и кај мазутот има намалувањето е за 8,238 %.
Дума.мк

