Вуковар против кирилицата и двојазичноста!

Објавено: 2 февруари, 2013, во 15:30 часот

 

Граѓаните на хрватскиот град Вуковар денеска одржа нов протест против воведувањето на српскиот јазик и неговото кирилично писмо во службена употреба во вуковарската општина.

 

Нив ги поддржаа демонстранти од сите делови на Хрватска, а најбројни беа ветераните од војната од 1991 до 1995 година. Во центарот на градот се собраа 20 илјади демонстранти, објави ХТВ.

Протестот го организираше „Штаб за заштита на хрватски Вуковар“ од каде ќе бараат Уставниот суд на Хрватска да се произнесе околу уставноста на официјализацијата на српскиот јазик.

Согласно хрватските закони правото на двојазичност во Вуковар поточно српскиот јазик и кириличното писмо треба да го користат 34.87 % од жителите на градот кои по националност се Срби. Овие податоци произлегуваат од пописот во 2011 година.

Но на законската одредба која стапи на сила на 19 јануари, годинава, се противат хрватските националисти, како и голем број учесници во војната од 90-те години на минатиот век.

Тогаш беше организиран  протест со барање да се воведе мораториум на примената на оваа одредба во следните 20 години.

Иститот ден, екстремно десничарската Хрватска партија на правото (ХСП) започна со собирање потписи на петиција за воведување на 10-годишен мораториум на оваа законска одредба.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.