Седум најлоши грешки со нашиот изглед!

Објавено: 30 јануари, 2013, во 10:35 часот

Предoлга коса, премногу пудро, размачкана маскара …Тенка е линијата која го одвојува лошиот вкус од модерниот изглед.

Еве неколку трендови кои се лоша страна на убавината.

 

Врат

Течната пудра создава илузија на совршен тен, ако не ја нанесете еднакво на вратот како и на лицето, ќе изгледате како да носите маска.

Предолга коса

Долгата коса е секси, но ако достигнува до задникот тоа е премногу. Коса до половина грб е идеална должина за современа жена.

Нагласен молив за усни

Знаеме каде се наоѓа устата, затоа нема причина да ја нагласувате со темен молив. Доколку имате желба да ги нагласите усните користете идентична боја како карминот.

Средување во јавност

Средувањето нокти и чешлањето коса правете ги во домашни услови или во женски тоалет. Немате потреба секојдневната рутина да ја споделувате со пријателите.

Ботокс и силикони во усните

Жените најчесто посакуваат од пластичните хирурзи секси усни како Анџелина Џоли. Но, со премногу ботокс и силикони ќе изгледате како риба.

Солариум

Солариумот е опасен, користите спреј за самопотемнување.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.