ВМРО ДПМНЕ: СДСМ носеше луѓе со комбиња кои едвај ги собра кај „Багремче“!
„Жалиме“ што Црвенковски не дојде на протестниот марш за да види вели предсдателот на велешкиот огранок на владеачката партија, Славчо Чадиев.
Владеачката ВМРО ДПМНЕ обвини дека на вчерашниот протестен марш кој Коалицијата против владеачкиот режим кој го одржа во Велес носела луѓе од други градови. Како доказ за тоа обелодени фотографии на кои како што тврдат се фотографирани комбињата со кои биле првезувани приврзаниците на опозицијата.
„ Велешани не беа присутни на маршот, а малата бројка на луѓе кои се движеа низ улиците, јасно говори во тој правец. “Жалиме” што Бранко Црвенковски не дојде и лично не се увери во тоа! Но никогаш не е доцна, на следните локални избори ќе му стане јасно, зошто во Велес не проаѓа неговата политика! На синоќешниот марш за спас на кариерата на Црвеновски, маршираа сите други, само не Велешани!
Според ВМРО ДПМНЕ кандидатот за градоначалник Аце Коцевски при обраќањето пред велешани кажал многу лаги со кои ја обвини владеачката гарнитура.
„ Освен празни зборови со кои ги напаѓаше делата на ВМРО-ДПМНЕ тој не кажа ништо значајно. Скоро половина од бледиот говор, Коцевски го насочи кон новиот Театар во Велес. Сега му пречи и камен темелникот од зградата на театарот за која ниту тој ниту пак СДСМ, немаат цигла поставено.
Според Чадиев, СДСМ на вчерашниот марш покажала непочитување кон образовниот процес во градот бидејќи го одржала граѓанскиот парламент на платото предвелешката гимназија, а и дел од професори од градот кои се членови на артијата наместо на час, марширале по велешките улици. Се закани дека ќе побара државниот училиштен инспекторат да ги преиспита таквите случаи.