За пловниот канал Дунав-Морава-Вардар мора да се консултира и Македонија!
Проектот е идеја на владата во Србија актуелизиран на крајот на минатата година.
Во истражувањето на Б92 српските експерти рекоа дека за негова реализација потребно е изградба на целосно нов канал и систем на брани во јужна Србија и ширење на текот на Вардар во Македонија.
Пред самото Егејско мора и Солун пловниот пат веќе може да се користи со одредени преправки. Консултантот за странски инвестиции во Србија Милан Ковачевиќ со став дека треба да се направат многу темелни истражувања за мега проектот кој е стар 100 години и се очекува да чини десетици милијарди евра.
„ Неопходно е да се направат многу темелни истражувања за количините на вода во горните токови на Јужна Морава и на токот на Вардар. Потребно е да се види како на тоа ќе реагираат Македонија и Грција кои се поврзани со идејата. Треба да се видат ефектите на енергитиката, кој сообраќај ќе оди по тие води бидејќи ние имаме многу широки реки кои не се користат целосно,“ рече Ковачевиќ за Б 92.
Српската влада овој проект го актуелизираше за време на предизборните активности. За реализацијата на пловниот канал Дунав-Морава-Вардар би требало да ја задолжи Србија и до 18 милијарди евра или колку половина од годишната економија.
Од друга страна, големиот инфраструктурен зафат може да создаде 400.000 работни места и да отвори стратешка трговска рута од која би можело има голем економски бенефит за земјите учеснички.
Македонската влада не била контактирана, но ако тоа се случи би го разгледала проектот, објави неодамна Нова Македонија пренесувајќи ја изјавата на портпаролот Александар Ѓоргиев.