Двајца мажи, вчера, лишени од слобода затоа што „кренале раце“ и малтретирале жени, првиот во Росоман и вториот во Градско

Објавено: 29 јули, 2026, во 12:35 часот

Двајцата мажи , според полицијата, имаат исти иницијали И.А. но се на различна возраст и од различни места. На првиот од нив, со место на живеење во Росоман, не му било прво психичко малтретирање над една година помладата сопруга додека вториот, кој вчера попладне, тепал во исто време и се заканувал со остар предмет на вонбрачната сопруга.

„На 28.07.2026 во 16:15  часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода И.А.(36) од Росоман, постапувајќи по претходна пријава од неговата 35-годишна сопруга, дека подолг период психички ја малтретирал и ѝ се заканувал, а последен пат тоа го сторил на 28.07.2026. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес.

„На 28.07.2026 во 18:50 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода И.А.(27) од Градско, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 22-годишна вонбрачна сопруга и ѝ се заканувал со остар предмет. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок,“ информира СВР Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.