Машки муабети за жените!
Објавено: 23 јануари, 2013, во 10:42 часот
Неможете да претпоставите кои мали валкани тајни вашиот партнер ги споделува со неговите пријатели. Не станува збор за сексот и вашите интимни моменти, туку за секојдневните рутини како и смешни ситуации. Дознајте кои 5 валкани тајни вашиот партнер редовно ги споделува со пријателите.
1. Депилирање мустаќи
Сите ние сакаме мажите да мислат дека се будиме совршени и би било најдобро овие работи како отстранување на мозолчиња и сечење на нокти да останат помеѓу четири ѕида. Но, и по неколку години заеднички живот на мажите овие ситуации им се секогаш интересни за споделување со пријателите.
2. Вашите расправии
Не е убаво кога знаете дека само неколку часа по вашата расправија вашиот партнер ги прекажува вашите проблеми на пријателите, но бидете искрени и вие тоа го правите! На секој некогаш му е потребно рамо за плачење, така да нема ништо лошо во кукањето и жалењето на пријателите.
3. “Ми се посреќи”
Без разлика дали сте заедно три дена или три години, мажите сакаат да кажуваат дека имале бурна вечер. Иако овие работи на жените им сметаат многу, мора да знаете дека овие муабети на се многу чести за машкото општество. Тие тоа не го прават за да ве понижат, тук у да ја истакнат нивната машкост.
4. Настан на кој сте се посрамотиле
Секој пат кога ќе се најдете во друштво со некоја чаша вино повеќе тој започнува да раскажува за тоа како сте се посрамотиле пред неговото семејство или пријателите. И додека вие упорно се обидувате да ги заборавите тие моменти, нему му се чини премногу забавно што на сите настани наоѓа место во неговиот репертоар за ваше исмејување.
