Австриската компанија „Сваровски“ влегува во Србија!
Објавено: 16 јануари, 2013, во 20:11 часот
Фабриката на Сваровски ќе се гради во Војводина, поточно во Суботица. Стартот на изградбата се планира во јуни, годинава.
По разговорот во Виена со извршниот потпретседател на компанијата „Сваровски“ Карл Вагнер и со директорот за стратешки развој за глобални операции Волфганг Вифлер,српскиот министер за финансии и економија Млаѓан Динкиќ го најави доаѓањето на овој познат светски бренд во Србија.
„Фабриката ќе биде изградена на 15.000 метри квадратни, ќе вработи 550 работници,“ рече Динкиќ.
Изградбата на фабриката ќе почне во јуни годинава, а градежните работи, како внесувањето опрема, ќе бидат завршени во вториот квартал на 2014 година.
