Задушено бебе пронајдено во дом во Велес!
Објавено на 21 декември, 2012 во 14:12
Две и пол месечно бебе е задушено ноќва во домот во Велес, потврдуваат од велешката полиција.
Од малкуте информации кои ги обелоденуваат велат дека смртта настапила во 4 часот утринава додека бебето спиело. Не се знае причината па телото е пратено на обдукција. Од полицијата велат дека резултатите од обдукцијата ќе ги обелоденат, но тоа ќе биде подоцна во текот на денот или пак утре. Претпоставките се дека или се работи за несреќен случај додека бебето спиело или пак дека смртта е насилна.