Струмица се закитува во новогодишно руво!
Секој ден се повеќе сјае и личи на новогодишна бајка.
Светлечки фонтани, дрвца, елки, ангели се само дел од новогодишните украси кои го полнат градот. Покрај минатогодишното, новогодишното уредување оваа година е подновено со двесет нови и различни видови на новогодишни украси кои на градот му даваат волшебен изглед особено во вечерните часови. Целиот град се украсува со новогодишни реквизити, но најголем дел од нив се сконцентрирани во централното градско подрачје, на булеварите „Маршал Тито“, „Гоце Делчев“, „Ленинова“, плоштадот „Гоце Делчев“ и улиците „Маршал Тито“ – стара чаршија и „Сандо Масев“ – корзото. Освен во градот, новогодишно украсување се врши и во населените места Добрејци, Дабиле, Костурино, Муртино и Куклиш. За новото новогодишно-божиќно руво, општина Струмица издвои околу три милиони денари, објави jugoinfo.mk