Македонија повторно ќе чека датум за преговори!
Објавено на 11 декември, 2012 во 22:47
Македонија повторно остана без датум за преговори за членство во Европската Унија
. Работата на Советот за општи работи (ГАК) вечерва заврши со заклучок без датум и покрај тоа што Европската Комисија во својот извештај по четврти пат побара почеток на преговорите.
Врз основа на извештајот што на пролет следната година ќе го презентира ЕК советот ќе го испитува спроведувањето на реформите во контекст на Пристапниот дијалог на високо ниво, како и чекорите кои се превземени за промоција на добрососедските односи и постигнувањето на компромсино решение за името прифатливо за двете страни, Македонија и Грција, под покровителство на ОН. Ова стои меѓу другото во заклучокот на Советот за општи работи.