Магијата на Декември!
Декември не може да помине без украсување на домот, духот на празниците, мирисот на тукушто испечени колачиња и безброј забави…
И токму поради ваквата атмосфера, постојат неколку нешта што едноставно мора да ги направите во текот на последниот месец од годината.
1. Отидете на забава
Едноставно мора да отидете на барем една забава во текот на декември. Ако не сте љубител на забави, организирајте своја забава. Направете ја во духот на подготовките за празниците и така ќе добиете шанса да бидете по малку детинести, бидејќи декември е месец во кој треба малку да лудувате.
2. Направете колачиња
Сигурно многупати на телевизија сте ги виделе рекламите во кои семејствата се собираат на Нова година, околу голема чинија полна со свежо приготвени колачиња. Затоа, купете ги неопходните состојки и започнете со подготовките. Доколку немате добар рецепт при рака, побарајте инспирација од Интеренет.
3. Купете порадоци
Сите со нетрпение ги очекуваме подароците што ги добиваме за Нова година. Затоа, логично е и вие да купите по нешто за своите најблиски. Тоа нешто не треба да биде големо или екстравагантно, бидејќи најважна е помислата, а и најмалите подароци можат да донесат многу среќа, доколку се внимателно одбрани.
4. Прошетајте низ градот
Дали повторно сакате да се почувствувате како дете, кое се радува на разнобојните украси и декорации во вашиот град? Отидете на романтична прошетка низ градот, со партнерот под рака. Разгледајте што нудат уличните продавачи и уживајте во свечената атмосфера.
5. Филмска вечер
Сварете си какао или топло чоколадо, направете колачиња или пуканки, поканете ја својата специјална личност и пикнете се под ќебе на каучот. Уште што ви недостига? Старите добри божиќни филмови. Ова е одлично време за филмски маратон. Веројатно сѐ уште сакате да ги гледате филмовите со кои сте пораснале… Ако не, тогаш секогаш на располагање ви стојат најновите филмски остварувања.
6. Направете честитки
Ерата на интернетот го направи испраќањето честитки навистина интересно, но и по малку обезличено. Ако сакате да се вратите на старата школа, направете нешто традиционално и испратете им честитки на пријателите и роднините преку пошта. Без разлика дали ќе купите честитки и ќе ги пишувате или пак ќе си направите свои, гестот многу повеќе ќе ги израдува оние на кои сакате да им ги разубавите празниците.