Двочасовен застој на сообрaќајот, синоќа, на автопатот Велес –Градско!

Објавено на 10 декември, 2012 во 09:20

Утрово сите патишта се проодни но, треба внимателно да се вози.

Регионалните патишта во општина Велес се проодни и по нив сообраќајот се одвива без поголеми проблеми. Исчистен и прооден е и автопатот Велес – Градско, во двата паравци. Синоќа, ноќеска и во раните утрински часови имаше појава на голомразица. Тоа беше причина за синоќешниот двочасовен застој на делницата од автопатот Градско – Велес каде поради лизгавиот коловоз се излизгал камион. Местоположбата на товарното возило, кое застанало на двете коловозни ленти, е причина што синоќа два часа беше запрен сообраќајот на овој дел од автопатот. Толку време чекаа патниците кои синоќа се најдоа на патот. Се создала голема колона од автомобили и автобуси. Екипи на ЈП Македонија пат го исчистиле и флиле сол и песок по што сообраќајот бил нормализиран.

“Во текот на ноќта и рано утринава на автопатот од Велес до Гевгелија фрлени се 190 м3 ризла и 88 тони сол. На регионалните и магистрални патишта во велешко и на патот кон Штип, до Мамутчево фрлени се  98 м3 ризла и 48 тони сол. Коловозите се влажни по нив треба внимателно да се вози“, вели раководител на велешката подружница на ЈП Македонија пат, Томе Јаневски.

Утрово е интервенирано и на приоритетните улици во Велес. Фрлени се првите количини на сол и песок на коловозите. Започната е интервенција и на патиштата кон општина Чашка се до селото Богомила.

Во исто време се предупредува на внимателно возење поради влажните и лизгави коловози.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.