Самостојниот синдикат на Клинички доби огранок во Велес!
Објавено на 5 декември, 2012 во 16:54
Во Велес е формиран огранок на самостојниот синдикат на клинички центар во Скопје. Во него првично се зачленети дваесет лекари вработени во болницата во Велес. Тие денеска за свој локален синдикален лидер го избрале д-р Митко Стровјановски специјалист по урологија на хирушкото одделение на болницата.
Членовите на новоформираниот самостоен синдикат веќе го информирале директорот на велешката болница д-р Атанас Василев дека имаат свои ставови и предлози околу проектот плата по учинок, на министерството за здравство. Се договориле до понеделник да го информираат д-р Василев за конкретните чекори што ќе ги превземат.