Земјоделците ги полеваа лозјата во Демир Капија ама сеуште не ги платиле сметките!
Водната заедница Демир Капија година обезбеди вода за наводнување на површина од 205 хектари со земјоделски култури.
Од таму велат дека трите хидросистеми со кои располагаат до пред некој ден биле во функција затоа што одредени доцни градинарски култури имале потреба од наводнување. Тоа им овозможило на земјоделските производители да добијат на квантитет.
Најголема површина што годинава била наводнувана од оваа водна заедница биле 130 хектари засадени со лоза додека останатото отпаѓа на пиперки,домати,пченка и други земјоделски култури. Цената за наводнување за еден декар лозов насад изнесувала 700 додека за градинарските култури 800 денари.
Сепак наплатата била доста слаба, изнесувала само околу 10 насто од вкупните побарувања.
Водната заедница во Демир Капија е еден од вкупно 33 други корисници на услугите на „Водостопанство Тиквеш“ во општините: Кавадарци, Неготино, Росоман, Градско и Демир Капија.