Тешка железничка несреќа во Црна Гора!

Објавено на 13 ноември, 2012 во 22:40

Две лица загинаа и околу триесет повредени патници е билансот на несреќата што во вторникот попладне се случи на железничката пруга помеѓу Мојковец и Бијело Поле во Црна Гора. Сообраќајот е прекинат а истрагата е во тек.

 

Несреќата се случила кога воз налетал на железничка градежна машина, која била поставена во тунелот на пругата.

Црногорскиот весник „Вијести“ , во првичните информации, објави дека загинале двајца работници на новосадската компанија „Згоп“, кои работеле на поправки на пругата.

Повредените 28 патници од кои четворица во потешка состојба се наоѓаат на лекување во општата болница во Бијело Поље.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.