Порака на официјална Атина

Објавено на 10 ноември, 2012 во 20:58

Ако не се најде заеднички прифатливо решение за името Грција нема да даде согласност за датум за преговори, зашто тие мислејќи на Македонија, имаат проблем со македонското име, нација и јазик ,порача грчкиот претседател Каролос Папуљас.

 

Бура од реакции предизвика,изјавата на еврокомесарот Штефан Филе дека од двете држави има позитивни сигнали и дека решението на спорот за името може да биде по почетокот на пристапните преговори со Унијата но не и да биде предуслов за тоа.

Шефот на државата Папуљас потврди дека Атина не само со нашето уставно име, туку има проблем и со јазикот и нацијата.

„Ја нарекуваат нивната држава Македонија, а националноста и јазикот македонски, затоа што преку овие имиња се обидуваат да стават хипотека на Македонија како целина. Дозволете ми да бидам јасен. Нема да дадеме согласност ако не се најде заеднички прифатливо решение за едно конечно име за вкупна употреба, кое ќе одговара на реалноста”, рече Папуљас

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.