Опело во чест на бугарскиот патријарх Максим служи Вселенскиот патријарх
Во катедралата „Свети Александар Невски” во Софија се служи опело кое го води Вселенскиот патријарх Вартоломеј во спомен на бугарскиот патријарх Максим, кој ќе биде погребан во петок попладне,јави Бгнес.
Пред посмртните останки се поклонија Вселенскиот патријарх, свештеници од православни цркви од Македонија,Романија,Грузија,Русија,Полска,Чешка,Србија ,Албанија и многу архиереи и епископи.
На патријархот Максим почит му оддадоа и претседателот Росен Плевнелиев, претседателот на парламентот Цецка Цачева, градоначалникот на Софија Јорданка Фанд’кова и бројни пратеници и граѓани.
Од софискиот храм во 12.30 часот по локално време ќе бидат изнесени посмртните останки на патријархот Максим и ќе бидат пренесени до Тројанскиот манастир, каде ќе биде погребан по сопствена желба.
Денешниот ден во Бугарија е прогласен за Ден на национална жалост.
Бугарскиот патријарх Максим почина на 6 ноември на 98-годишна возраст.Од 1971 година беше на чело на Бугарската православна црква.